Средоземноморската исхрана влијае на благосостојбата на цревата со години. Нивното здравје директно зависи од храната што се внесува, па затоа и треба да се размислува за здраво јадење.

Германскиот лекар, Томас Фрилинг, советува дека нерафинираниот бел шеќер треба целосно да се исклучи од менито, бидејќи одредени бактерии, меѓу кои и клетки на рак, се размножуваат во „слатката“ средина. Следни што треба да бидат исклучени се соленото и чаденото месо и колбасите.

Овие намирници содржат канцерогени материи, па затоа советувам да не консумирате повеќе од 500 грама црвено месо неделно – нагласува Фрилинг.

Листата на здрава храна која го продолжува животот на цревата е долга. На прво место се гравот и зеленчукот кои содржат растителни влакна и повеќе хранливи состојки. По нив следуваат бананите кои се богати со инулин, па рибата, овошјето, компирот и црниот леб.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.