Шест загинати и стотина повредени е билансот од невремето  кое вчера го зафати Балканот.

Во хрватската престолнина Загреб пријавени се две жртви, кои според хрватската полиција, ги загубиле животите кога врз нив паднале н дрвја. Според хрватските здравствени власти, двете жртви се здобиле со сериозни повреди на главата, едниот починал додека се движел по улица, другиот додека бил во својот автомобил. Уште едно лице во хрватскиот град Черник го загуби животот во својот автомобилот, исто така од пад на дрво.

По една жртва од невремето има во Словенија и во Босна.

Речиси низ целиот Балкан властите јавија за стотици повредени. Во Србија, силните ветрови го зафатија српскиот главен град Белград, оставајќи делови од градот без електрична енергија додека аеродромот беше привремено затворен. Дванаесетгодишно девојче е хоспитализирано откако дрво паднало врз неа во Нови Сад. Во меѓувреме имало и други медицински интервенции за повредите со кои се здобиле граѓаните.

Силната бури дојде оддеднаш  по  многу топли и суви денови, кое и натаму да доминира во многу земји во Европа, Северна Америка, Азија, Северна Африка итн. Многу држави се соочуваат со пожари и со други последици од горештините.

Инаку, според Светската метеоролошка организација, првата недела од јули била најтопла недела од 2016 година. Рекордната температура доаѓа откако јуни беше потврден и како најтопол  месец јуни на светско ниво.

Научниците велат дека температурите се предизвикани од климатските промени.

Експертите предупредуваат дека многу општества сè уште не се прилагодени на поекстремните горештини и ефектите што ги има врз луѓето и животната средина.

Вјолца Алити