Шест лица загинаа, а едно е повредено во напад со нож во градинка во кинеската провинција Гуангдонг, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.

Полицијата откри дека уапсила 25-годишен маж по презиме Ву. Меѓу жртвите има и еден професор, двајца родители и три деца, пренесува АФП, повикувајќи се на портпаролката на градот.

Нападот се случил во неделата вечерта нешто пред полноќ по наше време, а напаѓачот бил уапсен утрово околу осум часот. Полицијата нападот го нарече намерен.

Ваквите случаи се многу ретки во Кина, но земјата бележи зголемување на нападите со нож во последниве години, вклучувајќи ги и оние во училиштата и градинките.

Прикажи повеќе