Репрезентацијата на Полска претрпе уште еден катастрофален пораз во главната фаза од ЕП 2022, откако „црвено-белите“ вечерва загубија од Шведска со убедливи 28-18.

Морито и Крајевски со по пет гола беа најефикасни во полскиот состав, додека во таборот на Шведска меѓу стрелците се запишаа десет различни ракометари, меѓу нив најефикасни беа Мелегард, Ване и Петерсон со по четири погодоци.