Шведската безбедносна служба САПО ќе го подигне нивото на терористичка закана на второ највисоко ниво, објавено е во дневниот весник „Дагенс Нихетер“, пренесува Ројтерс.

Нивото на приведување е подигнато од ниво трето на ниво четири. Скалата на потенцијални закани од тероризам во Шведска има пет нивоа.

Од службата за безбедност САПО соопштија дека подоцна во четврток ќе одржат прес-конференција за националната безбедност.

Прикажи повеќе