„Швајцарија се надева дека во оваа улога ќе се покаже како успешен посредник и градител на мостови, изјави за медиумите швајцарската амбасадорка во ОН, Паскале Баерисвил.

Но, угледот на традиционално неутрална Швајцарија е доведен во прашање уште од почетокот на руската војна во Украина.

Политикологот Кристоф Фреј од швајцарскиот универзитет Сент Гален изјави за ДПА: „Во политичко-дипломатските кругови, швајцарската надворешна политика во изминатите 18 месеци дава повод за кимање со глава“.

Тој ја наведе првичната неподготвеност за усвојување санкции против Русија и континуираното одбивање да им се дозволи на сојузниците да испратат швајцарска муниција во Украина врз основа на нивната неутралност, рече тој.

Прикажи повеќе