Проверете што правите погрешно

Почнавте со диета, но и по неколку недели нема очекувани резултати?

Дури и кога имате добра волја, може несвесно да направите некои од грешките што ве спречуваат да почнете да слабеете.

Секој нутриционист ќе ви направи специфичен план за исхрана, но и покрај тоа што тоа е индивидуален пристап, постојат неколку универзални работи кои се советуваат за сите.

Без оглед на индивидуалноста на секој од нас и нашите организми, некои работи се навистина универзални и се основа за какви било понатамошни чекори во плановите за исхрана. Ова се однесува и на исхраната и на транзицијата кон здрава исхрана воопшто.

Иако можеби изгледа премногу едноставно, но овие четири работи ќе бидат доволни за да го забрзате метаболизмот, а со тоа и слабеењето:

Пијте 2-3 литри вода дневно.

Не грицкајте меѓу оброците.

Во секој солен оброк задолжително додајте салата (без калоричен прелив).

Заменете ги индустриските слатки со домашни, земајќи го во предвид типот на засладувач (целосно исфрлете го белиот шеќер од вашата исхрана).

Напомена: Дури и да ги елиминирате концентрираните шеќери и да преминете на природни, овошни, не значи дека можете да ги консумирате во неограничени количини, бидејќи и тие имаат калориска вредност и можат негативно да влијаат на процесот на слабеење.