Фудбалерите на Челси го совладаа тимот на Малме во рамките на четвртото коло од Групата Х во ЛШ.

За разлика од претходниот меч (4:0) англискиот тим и во реваншот славеше со минимален резултат на гостувањето во Шведска. Само две минути подоцна, Одои додаде топка во казнениот простор каде беше и Зијеш, кој шутираше во долниот лев агол и погоди за 1:0 и единствен гол кој вредеше за победа на гостите од Лондон.

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип беше стартер на овој натпревар и одигра 85 минути против европскиот првак.

Екипата на Волфсбург го совлада Салцбург со 2:1 на домашен терен во мечот од четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Салцбург можеше да си обезбеди билет за осминафиналето, но наместо тоа, сега Групата Г стана уште понеизвесна, откако Волфсбург славеше пред своите навивачи.

Јаник Герхарт по само три минути имаше продор по левата страна, потоа упати центаршут по земја за Баку, кој немаше проблеми да ја смести топката во мрежата.

Неизвесноста на натпреварот се врати во 30. минута кога Вобер израмни на 1:1. Салцбург играше далеку подобро во овој период, но мрежите мируваа до полувремето.

Двете екипи продолжија со добриот фудбал и во вториот дел, а Нмеча во 60. минута стрелаше за 2:1, што на крајот се испостави како конечен резултат на средбата.

По овој натпревар, Салцбург останува прв со седум бода, втор е Волфсбург со пет, додека Севиља и Лил имаат четири, односно три бода, но допрва треба да го одиграат својот натпревар.