Најдобрите екипи од секој континент ќе се борат за титулите на Светското клупско првенство (СКП) кое ќе се игра во Обединетите Арапски Емирати.

Челси од Европа и Палмеирас од Јужна Америка се директно во полуфиналето. Англискиот премиерлигаш ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Ал Хилал и Ал Џазира/Окланд Сити, додека бразилскиот тим ќе се соочи со Ал Ахли од Египет или Монтереј од Мексико.

Натпреварите на Светското клупско првенство ќе се одиграат од 3 до 12 февруари.