Челзи го отпушти менаџерот Греам Потер по помалку од седум месеци минати во клубот од „Стемфорд Бриџ“. Потер го презеде лондонскиот клуб во септември минатата година, откако Томас Тухел доби отказ. Потер го предводеше Челси на 31 натпревар, постигнувајќи 12 победи, осум нерешени и 11 порази.

Advertisements

Саботниот пораз на домашен терен од Астон Вила (0:2) беше последен за Потер на клупата на „сините“. По овој пораз Челзи падна на 11. место на табелата во Премиер лигата. Јасно е дека доколку не ја освои титулата во Лигата на шампионите, Челси наредната сезона нема да игра во европските купови.

Маурицио Покетино, Зинедин Зидан, Марко Силва, Јулијан Нагелсман се имињата кои најчесто се споменуваат како можни кандидати за преземање на клупата на Челзи. Пред лондонскиот гигант да го реши тоа прашање, ќе мора да му плати оштета на Потер, со кого потпиша пет годишен договор, за плата од 12 милиони фунти (околу 13,65 милиони евра) годишно.

Според „Скај спорт“, Челзи постигнал договор со Потер и нема да мора да ја плати целата сума. Се проценуваше дека Челзи отказот ќе го чини околу 50 милиони фунти (околу 57 милиони евра).

Потер нема да ја бара целата сума, туку од ќе добие 21,5 милиони фунти (околу 24,5 милиони евра) како обештетување. Сепак и оваа сума е светски рекорд за тренери кои останале без работа, пренесуваат англиските медиуми.