Новиот тренер на Барселона и легендарен капитен на клубот, Чави Ернандез истакна дека е возбуден што се враќа, како што рече во „најголемиот клуб на светот“.

– Сакам предизвици, едноставно мора да се победи во овој клуб, изјави Чави и додаде:

– Не сакав да ме обземат емоции, но се случи. Голема благодарност до клубот, навивачите. Времињата се тешки, но имам многу јасни идеи и барања за играчите. Резултатите се единствената мерка и според нив ќе ме судат, рече Чави.

Тој на клупата на Каталонците го наследи Роналдо Куман, кој доби отказ поради слабите резултати.

– Лео Меси испрати порака и ми посака среќа. Тој е неверојатен, но повеќе не е тука. Тука не се ниту Ето, ниту Роналдињо. Не можам да размислувам за него, ниту за нив, кога веќе не се во овој клуб. Мора да гледаме во иднината – изјави Чави.