Врз основа на верификувана посебна програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација-Дебар распиша конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица.

Според него, кандидатите треба да се државјани на РС Македонија, да се постари од 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, завршено минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и да по обуката  бидат вклучени како негуватели во сервисот за нега во домашни услови.

Обуката е бесплатна а предност ќе имаат невработени лица и лица од ранливи категории, а можат да се пријават на е-маил: [email protected] и на телефон 071/223-990 или директно во просториите на општинската организација.

Според Телќиу, секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.