Светскиот рекет број 3 Стефанос Циципас откри дека може да го пропушти Австралија опен поради повреда на лактот. Во ноември грчкиот тенисер беше опериран на десниот лакт поради проблем кој го мачи веќе подолго време.

Циципас учествуваше во екипното натпреварување на АТП Купот во Сиднеј, пропуштајќи го својот прв сингл натпревар, но денеска играше против Аргентинецот Диего Шварцман, и загуби со 7-6 (5), 3-6, 3-6.

По натпреварот, финалистот од Ролан Гарос 2021 призна дека доживува „сериозна болка“ во лактот.

“Верувам дека имам доволно време да се опоравам за Мелбурн. Но, досега немав таква повреда, па не знам. Ова е првпат да поминувам низ такво нешто”, изјави Циципас по поразот од Шварцман. Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари.