Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш апелираше до Русија да продолжи со спроведувањето на претходниот договор за извоз на жито од Украина. Со неодамнешниот колапс на договорот за жито Украина-Русија, „најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш. Тој рече дека веќе има негативни ефекти врз светските цени на пченицата и пченката. Цените на пченицата се зголемени за повеќе од 14 отсто од понеделникот, кога Русија се повлече од договорот за жито, а цените на пченката се зголемени за повеќе од 10 отсто, објави Кликс.ба.

„И Русија и Украина се од клучно значење за глобалната безбедност на храната“, рече Гутереш.

Тој истакна дека низ историјата тие сочинувале 30 отсто од светскиот извоз на пченица и јачмен, една петтина од целата пченка и повеќе од половина од сончогледовото масло. Гутереш ја повикува Руската Федерација да се врати на имплементацијата на Црноморската иницијатива, а меѓународната заедница да биде обединета во изнаоѓањето решение за ова прашање.

Прикажи повеќе