Хрватска денеска е погодена со уште едно силно невреме. Силни грмотевици, обилни врнежи од дожд проследени со силен ветар го зафатија регионот на Риека.

Има паднати гранки од дрва, голем број од улиците се под вода, а Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалов метеоаларм за овој регион.

Како што јавува ХРТ, покрај дојавите за поплавени улици и паднати стебла, од удар од гром запален е и еден кров. Невремето пристигнало околу 6 часот наутро, а потоа повторно се вратило сончевото време.

Во Загреб, како што јавуваат медиумите, дува силен ветар и има обилни врнежи, а Државниот хидрометеоролошки завод предупреди дека невремето се поместува од запад кон исток.

Невремето се очекува денеска да пристигне и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод денеска наутро издаде предупредување за временски непогоди. Првично се очекуваат врнежи и грмотевици во Војводина, а во попладневните часови и во други делови од Србија.

Прикажи повеќе