Со првите зимски денови некои припадници на хороскопски знаци посакуваат да излезат од дома дури кога ќе дојде пролетта. Тие не сакаат снег, мраз, студено време и едвај чекаат повторно да се врати убавото време за да уживаат на сонце.

За некои хороскопски знаци студеното време не е проблем, така Раковите обожаваат снег и зимски спортови. Како и излежување пред телевизор, со шолја кафе или чај и добра книга. Истото важи и за Рибите кои во текот на зимата одмораат и уживаат.

Но, одредени хороскопски знаци зимата веднаш би ја замениле со лето. Еве за кои станува збор:

Јарец

Јарците не ги сакаат неизвесностите кои произлегуваат од зимата. Уште од самата помисла на магла, снег и студен ветер им се крева косата на главата. Јарците сакаат однапред да планираат, а зимата често ги менува нивните планови. Поради тоа со голема тешкотија го дочекуваат ова годишно време. Едвај чекаат по зимата да дојде пролетта за да продолжат нормално да функционираат.

Лав

Лавовите некако и ќе го пребродат студеното време, за нив зимата е добра прилика малку да ја обноват гардеробата и да купат парчиња облека кои одамна ги меркаат во излог. Тоа што им смета е што повеќето нивни пријатели во текот на зимата се затвораат дома, а Лавовите постојано сакаат да се во некоја акција.

Им недостасуваат излегувањата, дружбите и летната спонтаност, како и долгите уживања со пријатели и партнерот. Едвај чекаат зимата да мине за повторно да се опуштат.