Еден од најинтригантните, но и најкомплексни ликови на „Марвел“ конечно е пренесен на големото платно. Се работи за „Морбиус“ – првата филмска адаптација за познатиот лик на „Марвел“ во жанрот научнофантастична хорор-акција.

Покрај оскаровецот Џеред Лето во насловната улога, екипата ја сочинуваат Џеред Харис, Мет Смит, Адрија Арјона, Тајрис Гибсон и други. Режисерската палка му припадна на Даниел Еспиноза, а сценариото е на Мет Сазама, Бурк Шарплес, Рој Томас и Гил Кејн.

Кино прикажувањата се закажани за задутре – 31 март.