Луис Хамилтон е вистински пример како треба да се однесувате при пораз, истакнува поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард.

Возачот на Мерцедес ја загуби борбата за титулата од Макс Ферстапен откако Холанѓанецо од Ред Бул го претекна во последниот круг од последната трка од сезоната.

„Посветеноста на Хамилтон е несомнена“, изјави Култхард и додаде:

„Покажа зошто е седумкратен светски шампион. Тој е феномен, тој е неверојатен спортист. Тој е посветен на својот тим, ќе биде таму и следната година, ќе се обиде да ја освои осмата титула“.

По трката, Британецот најпрвин им честиташе на својот голем ривал и на неговиот тим.

„Мислам дека најде внатрешен мир. Очигледно е разочаран, најблаго кажано но мора да се ставите на негова позиција. Тој е одличен возач, освои толку многу титули, ги надмина неволјите во кариерата. Тој е фантастичен пример за спортистите како да се справат со поразот. Да, сакаше да победи, но уште еднаш ја покажа својата големина“.