Вооруженото крило на Хамас денеска соопшти дека е одбиен обидот на израелските специјални сили да ги ослободат заложниците во Појасот Газа, при што е убиен еден заложник, додека на Хамас му нанеле неколку воени жртви.

Израелската армија, која на крајот на октомври ослободи заробен војник во Газа и ја предводи офанзивата во Газа, чија цел е и враќање на преостанатите 138 заложници, не ги коментираше наводите на Хамас.

Во соопштение на Ал Касам, военото крило на Хамас, се вели дека нивните борци откриле единица на израелските специјални сили во обид да спасат заложници и ја нападнале, при што убиле и раниле неколку војници. Наведена е и локацијата на конфликтот. Военото крило на Хамас тврди дека заробениот израелски војник Саар Барух (25) бил убиен.

На списокот на заложници објавени од Израел се наведува Сахар Барух, 24-годишен студент кој беше киднапиран од неговиот стан за време на смртоносниот напад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври. Израелските сили убиле пет Палестинци за време на рација во близина на Тубас, град на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Канцеларијата на портпаролот на израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Прикажи повеќе