Ерлинг Халанд (22) минатото лето го чинеше Манчестер Сити 60 милиони евра, но уште пред крајот на првата сезона во новиот клуб јасно е дека инвестицијата се исплатеше. На 46 натпревари постигна 51 гол. На четири кола пред крајот на англискиот шампионат го собори рекордот по број на голови (35) во сезоната во Премиер лигата, а со 12 гола на осум натпревари е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Халанд во целост го оправда и обештетувањето и платата. Годишно во Сити тој заработува 22 милиони евра. Тој е вториот најплатен играч во лигата, само соиграчот Кевин Де Брујне заработува повеќе од него. Сепак, Халанд може значително да ги зголеми приходите оваа година.

Доколку ја освои титулата во Англија, а Сити е многу блиску до неа, ќе добие бонус од 1,1 милион евра. Истата сума му е загарантирана и ако ја освои Лигата на шампионите каде Реал го чека во полуфиналето.

Доколку Сити го победи Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот, ќе добие 400.000 евра. Оваа сума веќе ја заработи како најдобра стрелец во Премиер лигата.

Со оглед на начинот на кој игра Халанд, тој мора да биде во најтесна конкуренција за „Златната топка“ оваа сезона. Во договорот со Сити има клаузула дека доколку ја освои оваа награда ќе добие бонус од 1,1 милион евра.

Значи, доколку ги постигне сите овие цели во следниот месец, а тие се многу остварливи, Халанд би заработил повеќе од 4 милиони евра бонуси во својата прва сезона во Сити.