Фудбалската Федерација на Македонија ги утврди правилата на фудбалската игра, како и некои минимални измени во критериумот за арбитража.  Се работи главно за технички промени со кои ќе има понизок праг на толеранција за неспортско однесување, како и за надополнувањето на загубеното време. Овие измени се во согласност со одлуките на ФИФА и УЕФА, а истите важат од јули годинава.

Новите критериуми за судење за сезоната 2023/24:

Само еден може да стои во техничката област и да дава сугестии на играчите од својата екипа. Толеранцијата на неспортско однесување на клупите од страна на судиите е – НУЛА

Тренер кој не покажува респект и почит кон судиите, кој се однесува насилно, провокативно, омаловажувачки, кој влетува во техничка облас на другата екипа, во област на четвртиот судија – за вакво неспортско однесување се доделува дисциплинска мерка – ЦРВЕН КАРТОН

За време на игра, ако играч покаже непочитување кон судиите или на кој било начин врши притисок – за вакво неспортско однесување се доделува дисциплинска мерка – жолт картон.

Досегашниот критериум ако е досудена игра со рака, а притоа топката е упатена кон голот, да се додели и жолт картон – повеќе не важи.

Ако топка е упатена очигледно кон голот, се досудува само игра со рака без дисциплинска мерка. Жолт картон се доделува ако има намерно игра со рака или ако се спречува ветувачка акција.

Покрај загубеното време за измени на играчи (30 секунди за измена), како и влегување на доктори на терен (60 секунди) судијата мора да го надомести и загубеното време за одолговлекување при изведување на слободен удар, аут или гол аут, како и времето за прослава на гол.

В недела е закажан стартот на новата сезона во ПМФЛ, додека за второлигашите сè уште нема распоред на натпревари./Gol.mk/