Ракометната репрезентација на Данска беше на чекор од ново мундијалско финале по пауза 24 години, но во завршницата Франција се избори за победа во првото полуфинале на Светското првенство (23-22).

Паулета со четири гола се истакна кај француската селекција, а Хаугстед не промаши и погоди пет од пет кај Данска. Oва е шесто финале за шампионките од 2017 година, а само една победи ги дели од трета круна.

Противник на Франција во неделното финале ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Шпанија и Норвешка.