Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ со полициска придружба веќе се наоѓа на аеродромот во Мелбурн и наскоро ќе ја напушти Австралија.

Најпрвин треба да пристигне во Дубаи во понеделник наутро по македонско време, околу 05.30 часот, летот од Мелбурн до Емиратите трае 14 часа.

Според одредени српски медиуми, не се очекува веднаш да се врати во својот роден Белград, тоа би требало да се случи за околу 10 дена.