„Марка“ во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Шахтјор објави нови детали поврзани за реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал во текот на пандемијата започна да го обновува својто стадион и поради тоа играше на „Алфредо ди Стефано“, помошниот терен во тренинг кампот наклубот, за во пресрет на оваа сезона да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Градежните работи и понатаму траат додека Реал ги игра натпреварите во својот дом, а денес е објавено дека стадионот ќе биде завршен и во целост отворен во декември следната година што се поклопува со 75-тиот роденден на легендарниот стадион.

„Клубот е во преговори со угостители и во понудата сака да има ресторани со Мишелин ѕвездички. Изнајмени се најголемите консултантски компании на светот кои ги доведуваат најголемите брендови на стадионот кои на Реал ќе му носат 100 милиони евра заработка годишно. На изборот се пријавија околу сто компании, а на клубот и консултантите е да изберат меѓу 10 и 20 компании кои мораат да имаат на ум дека главни спонзори на клубот се Кока-Кола и пивото Махоу“, пишува „Марка“.

Реал објави дека на реконструираниот стадион ќе има пет луксузни ресторани кои ќе гледаат на тревникот, а ќе работат и за време на натпреварите и во текот на целата година. Сервисите кои на навивачите им нудат јадење и пиење во текот на натпреварите ќе имаат посебни мобилни апликации преку кои навивачите во одредени сектори од стадионот ќе можат да нарачуваат и персоналот ќе им ја доставува нивната нарачка.

Освен тоа, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе има и таканаречен „скај бар“, отворен бар кој ќе има поглед кон градот, а ќе има и предел за храна по примерот на шопинг центрите во кои на едно место може да се јаде од повеќе ресторани. Заедно со сето тоа, на навивачите на располагање ќе им биде и клупскиот, но и голем број продавници на најголемите светски брендови.