Фотографијата на Даинис Криштопанс и Лук Стајнс кои денеска се соиграчи во ПСЖ е денешната реалност. Не толку одамна, реалноста беше, хм… не толку различна

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, во играчките денови во своето време значеше нешто што денеска во ракометот се Лук Стајнс, Сташ Скубе, Миха Зарабец…
Во тоа време дефанзивец број еден во светот беше Андреј Чепкин, 205 см. висок Украинец кој играше за Шпанија, тежок 123 килограми со распон на рацете како „Антонов АН 255“

Денеска Врањеш не почести со легендарна фотографија, снимена на меч меѓу Шведска и Шпанија, на која 168 високиот Швеѓанец се спрема за дуел со легендарниот Чепкин.
Имав многу големи предизвици пред мене… напиша во мотивирачкиот статус меѓудругото актуелниот селектор на Словенија.

Неговиот следен голем предизвик, пак, е Македонија. Во првото коло од ЕП 2022 на 13 јануари во Дебрецен.