Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа нерешено 27-27, домашните со серија од 6-1 во завршните минути стигнаа до супер резултат 27-26, иако губеа на полувреме со 13-17, згрешија во последниот напад, а црвено-црните добија пенал за израмнување и го искористија.

Клучни беа последните минути, Гаџа изнуди пенал, го искористи Дибиров, тој со својот четврти гол донесе нерешено за црвено-црните во Битола.

Вардар преку социјалните мрежи им се заблагодари на на своите навивачи, Комити по подолго време беа на трибините во слата „Боро Чурлевски“ во Битола.