Шпанскиот фудбалски гигант Барселона денес преку Твитер објави за потпишан договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Фудбалерот претходно во текот на денот го раскина договорот со лондонскиот Арсенал. Соработката на Барселона со Обамејанг е со важност до летото 2025 година.

Триесет и двегодишниот Габонец на 15 натпревари за лондонскиот клуб оваа сезона постигна седум гола и даде две асистенции.