Филаделфија е на добар пат да стане првата екипа во НБА лигата која че избори пласман во втората рунда од плејофот. Фила води со 3-0 против Бруклин, откако славеше победа во Њујорк 102:97.

Advertisements

Херој на тимот од Пенсилванија е Тајрис Макси, кој постигна 25 поени. Во финишот на натпреварот при водство на Бруклин од 92:89 тој врза десет последователни поени, а со тројка на 44 секунди до крајот му донесе предност на Фили од 99:96.

Покрај Макси во Филаделфија, Харден се истакна со 21 поен, Харис имаше 15, додека првата ѕвезда на тимот Џоел Ембиид мечот го заврши со 14 поени и десет скока. Кај Бруклин Бриџис имаше 26, Динвиди 20, а Клакстон 18 поени. И следниот натпревар ќе се игра во Њујорк.

На Западот актуелниот шампион Голден стејт го доби третиот меч против Сакраменто со 114:97 и го намали резултатот во серијата на 2:1. Вориорс беа доминантни од првата четвртина. Овој дел од натпреварот го добија со 29:20 и до крајот без многу мака стигнаа до важна победа.

Стеф Кари постигна 36 поени со шест скока и три асистенции. Го следеше Вигинс со 20 поени, додека Џордан Пул имаше 16 поени. Во редовите на Сакраменто, Фокс беше блиску до трипл дабл со 26 поени и по девет скока и асистенции, а Сабонис имаше 15 поени и 16 скока.

Феникс го врати брејкот против ослабените ЛА Клиперс, со триумфот 129:124 го врартија брејкот и сега водаи со 2:1 во серијата. Без главните ѕвезди Леонард и Пол Џорџ, домашниот тим пружи цврст отпор, но не можеше да му се закани на фаворизираниот тим од Аризона.

Букер блескаше со 45 поени и седум скока за речиси 45 минути на паркетот. Дурент постигна 28 поени, а Крег 15 поени. Норман Пауел беше одличен во редовите на Клиперси со 42 поени, Вестбрук го следеше со 30 поени, осум скока и 10 асистенции, но тоа не беше доволно за триумф.