Питер Марки-Заи, кандидат за нов претседател на унгарската влада избран од здружената опозиција, најави екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија доколку победи на пролетните парламентарни избори во Унгарија.

„Цитат на опозицискиот кандидат Марки-Заи од неговиот говор на 23 октомври: Ако Орбан ја изгуби моќта следната година, поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, ќе се соочи со екстрадиција (заедно со јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа и други)“, беше објавено на Твитер пред неколку денови, а вчера на унгарски јазикистото го најави и самиот Марки-Заи порачувајќи дека ќе ги екстрадира „Груевски, Нафа и другите криминални мигранти населени од Фидес“.

Advertisements

Според актуелните рејтинзи на власта и опозицијата, се очекува неизвесна борба на пролетните избори во Унгарија.

Прикажи повеќе