Додека руската инвазија врз Украина продолжува, многу ученици кои побегнаа од воените зони се обидуваат да го продолжат својот живот и образование. Еден од нив е и Павло. Тој заедно со неговата мајка и другите членови на семејството побегнале од градот Волин во западна Украина само неколку дена по почетокот на војната. На Павло му останала година и пол до завршувањето на средното училиште, а правел планови за студии, но војната целосно му го промени животот.
„Ситуацијата е многу стресна. Тешко е да ја напуштиш својата земја во вакви моменти“, Павло, Средношколец
На Павло и на некои негови врсници им било дозволено да го продолжат своето образование во Полска. Покрај часовите, тој помага и во собирање донации за украинските бегалци и за оние кои остануваат во воените зони. Од почетокот на руската инвазија, бројот на бегалци кои од Украина влегле во Полска надмина два милиона. Овој број е поголем од населението на полскиот главен град Варшава. Според Обединетите нации, повеќе од 3 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина. /Алсат.мк
Арта Тахири