Украински сајбер напад го уништи специјалниот сервер за комуникации на руското Министерство за одбрана

Специјалистите на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана (ХУР) го нападнаа и го урнаа специјалниот комуникациски сервер на руското Министерство за одбрана, соопшти прес-службата на разузнавачката агенција во соопштение на својата веб-страница, пренесува Укринформ.

„Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана наведува дека на 30 јануари 2024 година, сајбер напад го урнал серверот на Министерството за одбрана на агресорската држава Русија, кој се користел за специјални комуникации“, се вели во соопштението.

Операцијата во сајбер просторот на непријателот ја извеле специјалисти за ХУР, се додава во соопштението.

Како резултат на сајбер нападот, прекината е размената на информации меѓу единиците на руското Министерство за одбрана кои го користеле серверот со седиште во Москва.

„Софтверот на нападнатиот сервер беше одобрен од руската Федерална служба за безбедност како усогласен со државните стандарди за информациска безбедност. Софтверот беше инсталиран во различни стратешки објекти на рускиот јавен сектор, вклучително и воени објекти“, соопшти ХУР.

Украинското разузнавање додаде дека сајбер операцијата е во тек.

Подготви: Драган Мишев