Украинските сили успешно собориле 87 руски дронови на новогодишната ноќ

Русија лансираше 90 дронови неколку часа пред Нова година, соопштија украинските воздухопловни сили.

Во објава на Телеграм, се вели дека вкупно 87 дронови биле успешно соборени.

– Непријателот употреби рекорден број на дронови за напад од типот Шахед, стои во објавата и се прецизира дека нападот бил извршен во бранови од четири правци.

Се тврди и дека Русија ја нападнала Украина со четири противвоздушни наведувани ракети С-300 во Харкив.