„Украинска Правда“: Беспилотни летала на разузнавачката служба уништија руски десантен брод

Беспилотни летала на Украинската воена разузнавачка служба го погодија големиот руски десантен брод „Цезар Куников“ во Црното Море, соопштија разузнавачки извори за „Украинска правда“. Изворите додаваат дека операцијата резултирала со потонување на бродот.

Според „Украинска Правда“, во исто време неколку канали „Телеграм“ објавиле дека нешто гори во морето меѓу Алупка и Кацивели, а наводно ниско над водата во таа област кружеле и два хеликоптери Ми-8.

Телеграм каналот „Кримски Ветер“ објави дека беспилотните летала наводно го погодиле десантниот брод, а подоцна во операцијата за пребарување и спасување бил забележан руски хеликоптер Ка-27, пишува украинскиот весник.