Украинската платформа NAZOVNI: Моќен инструмент на економската дипломатија за бизнисот

Платформата “Nazovni” е услуга создадена со институционална и информативна поддршка на Министерството за надворешни работи на Украина која нуди моќен инструмент на економската дипломатија за бизнисот, објави ЦИВИЛ МЕДИА.

Основана на крајот на 2021 година, оваа платформа му помага на украинскиот бизнис да ги прошири извозните способности.

Покрај помош за украинските извозници, се отвораат можности за странските компании да најдат сигурни партнери во Украина. Таа постапка може да започне многу едноставно – со пополнување на онлајн формуларот: https://nazovni.online/en/import-application

„Од почетокот на работата, што е повеќе повеќе од 2 години, имаме голема база на податоци за украински компании кои со наша помош влегуваат на различни пазари во светот,“ се вели во соопштението на МНР на Украина.

Поканата е отворена – Украина ги повикува сите компании да ја искористат оваа можност и да најдат доверлив партнер за заемно корисна и профитабилна соработка.

ЦМ деск