По уништувањето на браната Нова Каховка во областа Херсон на југот на Украина, Антон Герашченко, поранешен министер и актуелен советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави дека околу 16 000 луѓе би можеле да бидат погодени од поплавата.

Герашченко објави видео за кое тврди дека покажува поплавено населено место.

„Околу 16 000 луѓе се наоѓаат во критичната зона во регионот Херсон на десниот брег на реката Днепар. Возовите за евакуација ќе ги однесат луѓето од Херсон на безбедно“, пишува Герашченко.

Прикажи повеќе