Украина ги собори сите 12 руски јуришни дронови лансирани во текот на ноќта

Украина ги собори сите 12 јуришни беспилотни летала лансирани ноќеска од Русија, соопштија украинските Воздухопловни сили, цитирани од британските медиуми.

Се додава дека беспилотните летала од иранско производство се уништени над јужниот регион Николаев и источниот Харкив.