Еден од најперспективните европски боксери, Вилфрид Флорентин, е убиен по расправија пред ноќен клуб во Бон сур Марн. Според „Л’Eкип“.

Станува збор за боксер кој го освои златниот медал на Европското првенство во во 2019 година во Софија, во категоријата до 91 килограм. Полициските извештаи наведуваат дека тој бил застрелан пред ноќен клуб во саботата вечерта, а од повредите починал во неделата попладне.

Флорентин работел како обезбедување во наргиле бар. Полицијата пристигнала доцна, кога пукањето завршило, а боксерот бил пренесен во болница од неговите пријатели. Што навистина се случило ќе покаже истрагата, иако неофицијално се зборува дека настанала тепачка поради девојка за која Флорентин бил заинтересиран.

Инаку, тој минатата година стана професионалец и од септември до овој месец забележил три победи./Makfax/

Прикажи повеќе