Екипата на Гостивар славеше во дерби-пресметката против  ТФТ со 89-75 и се изедначи со скопскиот тим на табелата на горните позиции кои водат во разигрувањето за титула по крајот на регуларниот дел.

Најдобар кај победникот беше Ворку со „дабл-дабл“ од 22 поени и 11 асистенции, пред Тодоровиќ со 20 поени, додека Дејли беше стрелец на 16 поени. Кај ТФТ, Бродвеј запиша 19 поени, пред Костоски со 13 поени, додека Маслинко имаше единаесет, пред Николов со десет поени.

Гостивар сега е на второто место на табелата со скор 5-2, пред ТФТ кој исто така има скор 5-2. Во следната рунда гостиварчани гостуваат кај МЗТ Скопје, додека тафталиџани се соочуваат со новајлијата Феникс 2010.