Скопски ТФТ победи кај МЗТ Скопје Уни Банка во Аеродром со 66-79 и остана во борба за едно од местата кои водат во плеј-офот на мак-баскетот.

Најефикасен на натпреварот беше Амир Смит кој заврши со „дабл-дабл“ од 21 поен и дури 15 скока, пред Ландриус Хортон со 19 поени и шест скока, додека Александар Костоски заврши со 17 поени (5/8 за три).

Кај МЗТ Скопје УБ, турскиот кошаркар Јигитоглу имаше 17 поени и беше пред Исајловски со 14 поени.

ТФТ сега има скор 8-7 и се наоѓа на четвртото место во Првата лига, додека МЗТ Скопје Уни Банка е единаесеттопласиран со скор 2-13.