Фрајбург сензационално го исфрли Баерн Минхен од Купот на Германија со победа на гости од 1:2, иако фаворитот имаше и водство по дваесетина минути. По натпреварот, новиот тренер Томас Тухел го коментираше историскиот пораз.

Advertisements

„Фрајбург постигна два гола од само два шута кои ги имаше кон нашиот гол. Не се сеќавам на ниту една нивна шанса. Имавме добри моменти, но секогаш ни фалеше нешто. Последно додавање, правилна одлука, прецизност при акциите. Тие се бранат многу длабоко и не можевме да одиграме пресинг. Поведовме и потоа имавме неколку големи шанси. На крајот, само ние самите сме виновни. Секако, огромно е разочарувањето што рано испаднавме од Купот со пораз на домашен терен“, изјави Тухел.

Мораше да одговори и дали тој е одговорен за поразот.

„Вистина е дека немав многу време за работа, но, да, јас сум одговорен“, дополни новиот стратег на Баерн Минхен.

Прикажи повеќе