Туск по поразот на локалните избори: Не се жалете, туку фатете се за работа

Полскиот премиер Доналд Туск го призна поразот по победата на опозициската партија на локалните избори изминатиот викенд, што се смета за прв тест на неговата централно-левичарска влада по преземањето на функцијата кон крајот на минатата година, јави ДПА.

Во објава на социјалната мрежа Х, Туск рече дека е охрабрен од победите постигнати од неговата Граѓанска коалиција на поединечни места како што се изборите за градоначалник на Варшава и Гдањск, како и во некои регионални совети, пренесува МИА.

Тој ги објасни загубите со слабата мобилизација на младите гласачи и силниот одѕив на опозициската партија „Право и правда“ (ПиС) во руралните и источните региони.

„Која е суштината за нас? Не се жалете, фатете се за работа, напиша Туск.

Граѓанската коалиција на Туск остана на второто место со 31,9 отсто, објави Ипсос.

Официјалните конечни резултати се очекува да бидат објавени во среда.