И денеска пред зградата на локалната власт во Тирана се одржа протест на опозициската Демократска партија, при што дојде до тензии и фрлени молотови коктели. Дел од демонстрантите се обидоа и да влезат во општина, па дојде до туркање со полицијата. Демократите бараат оставка од градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, откако пред 15-тина дена беа уапсени неколку директори на градски управи поради сомневања за криминал. Ситуацијата ескалираше откако некои од присутните фрлија молотови коктели кон градското Собрание додека се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон. На протестот се појави и ќерката на Сали Бериша, лидерот на демократите кој веќе 100 дена е во куќен притвор.

Прикажи повеќе