Тројца мигранти биле убиени во престрелка што се случила рано утринава во близина на населениот град Хоргош во Србија, недалеку од границата со Унгарија, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) во полициската управа во Кикинда.

Едно лице е повредено и во моментов му е укажана помош.

„Рано утрово во полиција било пријавено пукање на периферијата. По пријавата, полицијата излегла на терен и пронашла три мртви и едно рането лице“, соопштија за РСЕ.

Престрелката се случила во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“, но деталите сѐ уште не се познати.

Истрагата е во тек, а полицијата сѐ уште е на терен.

Србија е земја на таканаречената „балканска рута“. Луѓето во движење, бегајќи од војна и сиромаштија, минуваат низ него во обид да стигнат до земјите на ЕУ.

Прикажи повеќе