Тројца македонски државјани се приведени откако полицијата во Никшиќ открила дека украле паричник со 1 500 евра во трговски објект во Богетиќи.

Според соопштението на Полициската управа, пред два дена во полицијата во Никшиќ едно лице пријавило дека од страна на три непознати лица му бил украден паричник со 1 500 евра, по што заминале со автомобил, пренесува „Вијести“.

„Полициските службеници од Одделението за безбедност Никшиќ по пријавувањето презеле мерки и дејствија од нивна надлежност и вчера во градот Папрати контролирале возило марка ‘ауди’ во кое се наоѓале три лица, државјани на Република Северна Македонија. Лицата А.А. (26), А.О. (41) и Ж.Д. (47) биле донесени во службените простории. Полициските службеници преку кривична истрага дошле до сомнение дека А.А., од споменатиот стопански објект украл паричник со пари, додека А.О. и Ж.Д. примиле и задржале дел од украдените пари од него“, се вели во соопштението на полицијата.

Во полицискиот извештај се додава дека лицата се уапсени, а А. А. е осомничен за кривично дело кражба, додека А. О. и Ж. Д. се товарат за кривичното дело прикривање.

Прикажи повеќе