Ѕвездите и астролозите велат вака – некои хороскопски знаци се познати по својата верност, а некои хороскопски знаци полесно од другите забиваат нож во грб.

Секако, не мора да значи дека секој човек роден во еден од овие три хороскопски знаци кои ќе ги споменеме во продолжение на текстот ќе го направат тоа, но астролозите велат дека овните, близнаците и лавовите се посклони кон предавство од другите знаци.

Зошто е тоа така?

Еве кои три хороскопски знаци најлесно забиваат нож во грб и зошто. Можеби во описите навистина препознавате некои ваши блиски лица, а можеби само добро ќе се забавувате и ќе заклучите дека вашите лавови, близнаци и овни немаат виска со напишаното.

Овен

Иако овенот може да биде многу посветен и верен, кога ќе се најде во ситуација во која мора да реши дали ќе се стави на прво место себе или своите сакани, поголема е веројатноста дека ќе ви забоде нож во грб поради сопствената корист отколку да се држи до посветеност.

Иако се одлични пријатели, луѓето родени во овој знак се навикнати да бидат број еден. Тие се опортунисти, што значи дека можноста за напредок ќе ја искористат без размислување и без разлика на сѐ. Ако понекогаш треба да предадат некого за да го добијат тоа што го сакаат, често тоа и ќе го направат.

Близнаци

За близнаците не е страшно да му забодат нож во грб на некој, а при тоа око да не им трепне. Впрочем, познати се и како дволичен знак во хороскопот. Вистина е дека тоа звучи многу грубо, но така е. Близнаците се всушност одлични глумци кои се прекрасни во поставување параван додека не ја постигнат својата цел.

Без разлика на тоа дали сте им пријател или најголем непријател, ништо нема да им застане на патот да го добијат тоа што го сакаат. Ако им се пружи можност за успех, но само ако некој друг „настрада“, близнаците тоа и ќе го направат.

Лав

Лавовите се одлични пријатели, но често пати се вртат како што дува ветерот. Тоа значи дека ќе ја искористат секоја можност за успех, не обрнувајќи премногу внимание за другите во таа ситуација.

Едноставно е – кога на лавот ќе ми се пружи можност за успех, тој во тој момент не размислува за другите, туку смо за себе. Таков е и не може да си помогне. Тој копнее за тоа да биде број еден и ако е тоа потребно, не се плаши да ги прегази другите на својот пат, односно да им забоде нож во грб.