Три леопарди во зоолошката градина во Небраска починаа од компликации поради Ковид-19, соопштија властите во градината.

Леопардите се жители на планинските предели на Централна Азија и се меѓу најчувствителните видови, покажуваат податоците на Светскиот фонд за дивиот свет. Зоолошката градина минатиот месец објави дека леопардите и тигрите од Суматра биле позитивни на корона вирусот.

Животните биле третирани со стероиди и антибиотици за да се спречат секундарни инфекции, објави тогаш зоолошката градина.

Ковид-19 е откриен кај голем број цицачи, вклучително и големи мачки, примати и ласици, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.