Не мора ни да ги пробате!

За многу дами купувањето чевли со високи потпетици може да биде ризичен потег, бидејќи самото пробување на чевли во продавница нема да биде гаранција дека сте избрале удобен модел.

Често се случува чевлите со високи потпетици да ни послужат само за една прилика, бидејќи во меѓувреме сфаќаме дека не се доволно удобни за да можеме да ги носиме.

Сепак, постои решение за оваа ситуација – ако користите трик за кој ќе ви бидат потребни само две секунди.

Не мора ни да ги пробувате за да видите дали потпетиците ќе ви бидат удобни. Тоа можете да го сфатите со гледање на чевлите или, за попрецизните, ако го измерите растојанието помеѓу ѓонот и петата.

Ако растојанието помеѓу ѓонот и петицата е пократко од 7,5 сантиметри, чевлите нема да бидат удобни, без разлика на висината на петицата. Колку е помало растојанието, толку е поголем наклонот и поголема тежина на прстите, а со тоа и поголема непријатноста што ќе ви создаде болка во стапалата и во прстите.

Затоа, доколку сакате да носите удобни чевли со потпетици, купете такви со растојание од најмалку 7,5 сантиметри помеѓу ѓонот и петата.