Нов голем допинг-скандал ја тресе „кралицата на спортовите“. Атлетичарката од Доминиканската Република, Ана Хозе Тима, е суспендирана на три години поради допинг, објави Атлетската единица за интегритет (АИУ).

Натпреварувачката во трискок беше позитивна минатиот ноември во Доминиканската Република. Тима ја користела забранетата супстанца остарин, која помага во растот на мускулите. Доминиканката учествувала на Олимписките Игри во Рио Де Жанеиро во 2016 и Токио 2021 година. Сите нејзини резултати од јануари 2022 година комплетно се избришани.

Суспензијата на 33-годишната спортистка истекува во јануари 2025 година.

Прикажи повеќе