Одлуката на Пентагон да испрати касетна муниција за потребите на украинската армија, предизвика низа контроверзии во светот но и во САД. Поранешниот американски претседател кој води кампања за негов повторен избор, Доналд Трамп, изјави дека овој потег на администрацијата на Бајден води кон Трета светска војна и дека неексплодираната касетна муниција ќе убива и осакатува украински мажи, жени и деца во децениите кои доаѓаат

„Џо Бајден не треба да не влече кон Трета светска војна со испраќање касетна муниција во Украина – тој треба да се обидува да стави крај на војната и да ја запре ужасната смрт и уништувања предизвикани од неспособна администрација“, рече Трамп.

Реакцијата на Трамп дојде пет дена откако Пентагон официјално ја објави одлуката, а еден ден откако неговиот поранешен потпретседател Мајк Пенс го поддржа потегот. Трамп воедно го повтори својот став дека на Украина не треба да се испраќаат последните резерви со кои располага САД, во време кога арсеналот на американската армија се опасно намалени.

Од почетокот на руската инвазија минатиот февруари, Трамп постојано одбиваше јавно да вети поддршка за Украина. Во мај неколку пати избегна да одговори на прашањето дали како претседател ќе и испорача оружје и опрема на Украина.

Инаку вчера, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека доколку касетните бомби пристигнат во Киев и им се стават на располагање на украинските војници, тогаш Русија ќе биде принудена да користи слични средства против украинската армија на бојното поле.

Прикажи повеќе