Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја обжали пресудата на њујоршката порота во граѓански случај, според која тој сексуално ја нападнал и клеветал новинарката Елизабет Џин Керол. Судските записи покажаа дека Трамп го известил Вториот окружен апелационен суд на САД дека ќе поднесе жалба на пресудата, како што претходно рече дека ќе стори неговиот адвокат Џозеф Такопина.

Во вторникот деветчлената порота на сојузниот суд на Менхетен на поранешната новинарка ѝ додели отштета од пет милиони долари. Керол (79) за време на судењето сведочеше дека Трамп (76) ја силувал во стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ на Менхетен кон крајот на 1995 година или почетокот на 1996 година, а потоа ја нарушил нејзината репутација со тоа што во октомври 2022 година на неговата социјална мрежа напишал дека нејзините тврдења се целосна измама и лага.

Прикажи повеќе